ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Фамилијарна традиција и гостиварскиот кошаркарски ген

(ФОТО) Фамилијарна традиција и гостиварскиот кошаркарски ген

сподели
фото: Марјан и Василиј Србиновски

Екипите на Работнички и Гостивар одиграа пријателска средба во предвечерјето на стартот на новата сезона во македонската лига, а на двете страни се појави по еден член од семејството Србиновски.

Марјан, своевремено играч (1998-2000, 2006/07) и тренер (2011, 2014/15) на Работнички, сега стратег на Гостивар, играше против својот син Василиј (16, 197) кој настапува за нашата најтрофејна екипа.

Виктор Ефремовски

Ќе потсетиме, во редовите на Работнички игра уште еден голем потенцијал, кој досега реално воопшто не беше искористен, а тоа е Виктор Ефремовски (21, 194) чие време очекуваме допрва да дојде.