ПОЧЕТНА Европски првенства Европското првенство повторно во четири држави

Европското првенство повторно во четири држави

сподели
FIBA

По принципот на претходните два ќе се одржи претстојниот континентален кошаркарски собир.

Во 2015 и 2017 година се играше во четири држави, исто така ќе биде и за две години кога Европското првенство ќе го организираат Германија, Италија, Грузија и Чешка.

Вкупно седум држави се кандидираа, но Естонија, Унгарија и Словенија не поминаа. Чешка (Прага), Грузија (Тбилиси) и Италија (Милано) ќе бидат домаќини само на натпреварите од групната фаза, а завршницата ќе се игра во Германија.

Оваа земја ќе организира една од групата и тоа во „ракометната“ Ланксес арена во Келн, а репрезентациите во нокаут фазата ќе се префрлат во Берлин.

Германија беше ко-домаќин и во 2015 година и тоа е единствена држава во овие „покери“ која се појавува два пати како организатор. Претстојното Европско првенство ќе се игра од 17-ти до 29-ти август 2021 година, бранител на титулата е Словенија.

Македонија има можност првпат по 2015 да се пласира на контиенталните шампионати. Нашата репрезентација обезбеди пласман во главните квалификации, а наскоро ќе ги добие и противниците.