ПОЧЕТНА ЕВРОПА Европскиот шампион удри по Валенсија со тешка артилерија

Европскиот шампион удри по Валенсија со тешка артилерија

сподели
euroleague.net

Првакот во елитата, ЦСКА Москва го совлада освојувачот на УЛЕБ Купот, Валенсија со 71:96. До триумфот дојде благодарение на одличниот шут од далечина – повеќе од половина од поените кошаркарите на рускиот тим постигнаа од тројки (17/31).

euroleague.net

Најдобар стрелец беше Дарун Хилијард со 22 поена, но Мајк Џејмс за само 19 минути во игра постигна 20 поени, 5 асистенции и имаше 6 изнудени лични грешки. Кај Валенсија, Мајк Тоби заврши со 14 поени и 6 скока, а Дубљевиќ и Мотум постигнаа по 12 поени.