ПОЧЕТНА ЕВРОПА Европскиот шампион шокиран во Франција

Европскиот шампион шокиран во Франција

сподели
euroleague.net

Барселона и Милано ја предводат табелата во Евролигата по неочекуваниот кикс на ЦСКА кај францускиот првак АСВЕЛ. Возбудливиот натпревар со кој е затворено седмото коло заврши со победа на домаќинот од 67:66, по неколку пресврти во текот на мечот, но и во последната четвртина.

Херој на АСВЕЛ беше Џордан Тејлор кој на 13 секунди пред крајот постигна тројка за победа на неговиот тим. Во последниот напад Мајк Џејмс не успеа да погоди и Французите дојдоа до четвртата победа во Евролигата сезонава.