ПОЧЕТНА Европски лиги Европски шампион во тимот на Димитријевиќ

Европски шампион во тимот на Димитријевиќ

сподели

Заминувањето на најдобриот играч Николас Лапровитола, Хувентуд го покри со двајца фантастични кошаркари на бековските позиции.

По Никос Зисис, во каталонскиот тим дојде и репрезентативецот на Словенија, Клемен Препелиќ кој со својот национален тим во 2017 година ја освои титулата на Европското првенство.

Тој доаѓа на позајмица од Реал Мадрид каде не се прослави многу во првата сезона, а за соиграч ќе го има нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Хувентуд повторно има ростер за пласман во плеј-офот, но целта ќе биде пласман барем во полуфиналето што би бил чекор понапред во однос на минатата сезона. Екипата ќе се натпреварува и во Еврокупот на УЛЕБ каде е во Ц групата, со Дарушафака, УНИКС, Цедевита, Бреша и Нант.