ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Европски шампион ќе игра во македонското првенство

(ВИДЕО) Европски шампион ќе игра во македонското првенство

сподели
FIBA

Репрезентацијата на Србија ја одбрани титулата континентален првак во „3х3“ со победата од 21:18 против Франција во финалето што се одигра во Дебрецин.

Дел од тимот беше Данило Мијатовиќ кој неколку години игра во македонското кошаркарско првенство, а летово направи трансфер ов Блокотехна во АВ Охрид.

FIBA

На патот до титулата Србите ги совладаа Германија и Полска во групата, Украина во четвртфиналето и Литванија во полуфиналето.

За Србија ова е трет медал на европските „3х3“ првенства бидејќи освен двете злата на последните две изданија, има и едно сребро од 2016 година. Покрај Мијатовиќ, играѓе и Душан Булут кој исто така има искуство од играње во македонското кошаркарско првенство, како и Марко Савиќ и Дејан Мајсторовиќ.