ПОЧЕТНА Евролига Евролига продолжува да се одвојува од ФИБА

Евролига продолжува да се одвојува од ФИБА

сподели
euroleague.net

Иако е најавено дека искуствата од новите промени на правилата ќе бидат поделени со Светската куќа на кошарката, сепак УЛЕБ се труди во секој поглед да биде различна организација од глобалната.

Во натпреварувањата под капата на приватното здружение, се враќа потфрлањето за топка на почетокот на секој период, што е еден тип своевидна регресија или враќање на старите правила, како замена за алтернативниот посед.

Техничките грешки на тренерот, играчите и клупата, нема да се сметаат во бонусот што го има една екипа (исполнување одредена квота на фаули, пред со секоја наредна грешка, на противникот автоматски да му бидат доделени слободни).

Овие промени беа донесени на последниот состанок на Бордот на Евролига, на кој што рускиот Зенит ја доби последната вајлд-карта за учество во следната натпреварувачка година, а стапуваат на сила во Евролига и Еврокупот со стартот на следната сезона (2019/20).