ПОЧЕТНА ЕВРОПА Евролига не може да ги награди едните, да ги казни другите

Евролига не може да ги награди едните, да ги казни другите

сподели
printscreen, Euroleague press-conference

По одлуката да се прекине сезоната, првиот човек на двете најквалитетни европски клупски натпреварувања, Жорди Бертомеу ги изнесе причините за одлуката, таква каква што е:

„Не можеме да ги наградиме едните, кои биле првопласирани за време на шампионатот и да ги казниме другите, без да се доигра првенството да бидат исфрлени. Затоа решивме сезоната да биде суспендирана и да не се доигра.

Ги разбирам тие што биле лидери, што не значи дека ќе беа шампиони. Истото важи за Евролига и за Еврокуп. Ги сфаќам сите што сакаат да играат во Евролига, се радувам за тоа, но мора да разберат колку е комплексна ситуацијата.“