ПОЧЕТНА ЕВРОПА Евролига може да го одере Панатинаикос

Евролига може да го одере Панатинаикос

сподели

Освен темите за финансискиот фер-плеј и адаптациите што ќе треба да се направат за сезоната 2020/21по прераното завршување на актуелнаат поради пандемијата коронавирус, на следниот борд на Евролига ќе се разговара и за уште едно прашање.

Тоа е желбата за предвремено прекинување на соработката со елитната лига, од страна на грчката екипа Панатинаикос од Атина. УЛЕБ натпреварувањето и клубовите членки стојат цврсто на ставот дека ПАО ќе треба да плати пенали од 10 милиони евра, а можеби и повеќе, ако лигата реши да тужи.

Олеснителен момент за детелинките, кои заедно со ЦСКА се најуспешни во новата УЛЕБ ера (која трае од 2001-та) со по 4 титули, може да биде евентуалната продажба на позицијата и на акциите, на некој соодветен клуб кој би ја заменил улогата на Панатинаикос.