ПОЧЕТНА ЕВРОПА Евролига како никогаш досега – со 77 НБА играчи

Евролига како никогаш досега – со 77 НБА играчи

сподели

Елитното европско кошаркарско натпреварување под ова име ја почнува својата 20-та сезона, во која ќе има најмногу сличност, но и најмногу поранешни играчи од НБА лигата.

На ден пред стартот избројани се 77, со вкупно 12.266 одиграни натпревари во најсилната светска кошаркарска лига. Најмногу од нив Луис Скола – 743, а Јеребко, Монро, Куфос и Џонсон ја имаат поминато границата од 600.

На екипно ниво најмногу НБА играчи има Химки – седуммина кои заедно одиграле 1.654 натпревари.

Поради зголемувањето на бројот на учесници од 16 на 18, се смени распоредот бидејќи во основниот дел од Евролигата ќе има 34 кола. Почнува една недела порано, ќе заврши една недела подоцна, а има дури седум недели со двојна програма, односно со по две кола.