ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Еуроникел го заврши своето пред серијата тешки натпревари

Еуроникел го заврши своето пред серијата тешки натпревари

сподели

Со биланс од четири победи и еден пораз поранешниот шампион ги помина првите пет кола од сезоната во кои имаше релативно лесен распоред. Последен во низата беше дуелот со МЗТ 2 кого во Скопје го совлада со 61:96.

Доминацијата во текот на сите 40 минути беше крунисана со лесна и убедлива победа која дава мир пред продолжението од првенството. Во следните четири кола Еуроникел ги пречекува Работнички и МЗТ Скопје, а гостува кај Гостивар и Куманово.