ПОЧЕТНА СВЕТ ЕТЕ ГО ДАНОКОТ: Јокиќ нема да игра

ЕТЕ ГО ДАНОКОТ: Јокиќ нема да игра

сподели
фото: Nuggets

Тренерот на Денвер изјави дека неговиот прв ас, кој беше најдобар центар минатата сезона и без кого играта на екипата не можеше да се замисли, нема да ја облече униформата на Нагетс на стартот на серијата предсезонски мечеви.

„Никола Јокиќ не е повреден, нему му е потребна дополнителна доза на одмор. Тој се чувствува добро, а клубот донесе одлука да не игра на повеќе од два (од вкупно 4) подготвителни натпревара.“ – се зборовите на Мајк Мелоун.

Српскиот репрезентативец играше маестрално во текот на сезоната, потоа настапуваше со Србија на СП во Кина. Имаше ангажман во текот на целата натпреварувачка година и немаше доволно време за рекуперација.