ПОЧЕТНА Други репрезентации Естонците не знаеја што ги удри

Естонците не знаеја што ги удри

сподели
fiba.basketball

Македонија го одигра најдобриот натпревар на европското првенство, тогаш кога беше најпотребно. Ако се плашевме дека предизвикот елиминациски меч од кој нема враќање, ќе им тежи на плеќите, ти не уверија во спротивното.

А, кутрите Естонци, не знаеја од каде да се бранат.

Имавме реализација од поле 54%, наспроти 28% на противникот, што значи шутиравме одлично и се браневме одлично. За два поена имавме скоро 70%, за три поени скоро 40%, противникот имаше 47 со 8.

fiba.basketball

Потфрливме во скокот – дозволивме неверојатни 21 офанзивен скок, а ние имавме само 5, но затоа имавме 40 дефанзивни наспроти 25 на противникот. Тука треба да се анализира за следниот натпревар, којшто ќе биде уште потежок.

Контрата функционираше беспрекорно, одлично играше нашата клупа, во рекетот напаѓавме ефективно. Сега ќе се одмориме и ќе се подготвуваме за полуфиналето, во коешто посакуваме нова успешна епизода.