ПОЧЕТНА ЕВРОПА Шпанија ќе добие нов шампион

Шпанија ќе добие нов шампион

сподели

Реал Мадрид не доби услуга од Гран Канарија и е елиминиран веќе во групната фаза од завршниот турнир во АЦБ лигата.

Валенсија не дозволи изненадување, славеше со 97:81 и како првопласирана во својата група ќе оди во полуфиналето, на мегдан со Басконија. Натпреварот меѓу Реал и Сарагоса нема да има никакво резултатско значење бидејќи вториот патник меѓу четирите најдобри од групата Б е најпријатното изненадување – Бургос кој ќе игра со Барселона.

Ова значи дека Шпанија ќе добие нов кошаркарски шампион, но и дека Реал првпат по 2011 година нема да игра во финалето, а првпат по 2008 нема да биде дел од полуфиналниот квартет во плеј-офот. Од 2014 година, мадридскиот тим освои четири титули во АЦБ лигата, а не го крена пехарот само во 2017 година кога во финалната серија загуби од Валенсија.