ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Ерупција во Парк, следуваат уште две детонации, центарот пак ќе гори

(ВИДЕО) Ерупција во Парк, следуваат уште две детонации, центарот пак ќе гори

сподели

Работнички нема да седи со скрстени раце, додека другите екипи градат конкурентни тимови. Тој што веруваше дека најтрофејниот македонски клуб ќе ја остави историјата да си замине со стихијата, се излажа.

Крис Кокли е најновата адиција во редовите на црвено-белите, а од раководството ни најавија уште две звучни засилувања во периодот што претстои. Американскиот центар (203) има 23 години, игра на позицијата 4, доаѓа од Украина од екипата на Черкаски Мавпи.

Кокли потекнува од Универзитетот Алабама во Бирмингем, Скопје ќе му биде само втора европска дестинација, но според физичките перформанси, а и според она што може да се види на снимките, се работи за квалитетен играч кој што ќе го крене нивото на нашата Прва лига.

Со нетрпение ги очекуваме и другите две имиња во ростерот на новиот стратег на Работнички, Димитар Мираковски.