ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Епски дуел во Бостон, совладани Клиперс по две продолженија

(ВИДЕО) Епски дуел во Бостон, совладани Клиперс по две продолженија

сподели
985thesportshub.com

Ден пред Ол-стар викендот, Бостон и Клиперс одиграа натпревар во плеј-оф ниво по кој зелените славеа со 141:133 по 58 минути игра.

Домаќините имаа две меч топки, во регуларниот дел, и во првото продолжение, но Кемба Вокер и Џејсон Тејтум не успеаа да погодат во клучните моменти. Сепак второто продолжение донесе значајна победа за 17-кратниот шампион.

Џејсон Тејтум беше првото име кај Селтикс со 39 поени и 9 скока, додека Маркус Смарт додаде 31 поен и 4 украдени топки. Кај Клиперс најрасположен беше Лу Вилијамс со 35 поени и 8 асистенции, додека 28 поени и 11 скока забележа Каваи Ленард.

Двата тима се наоѓаат на третата позиција во своите конференции. Бостон има скор 38/16 на Истокот, 8 натпревари зад првопласираниот Милвоки, додека Клиперс со 37/18 на Западот, заостанува само 4 победи зад лидерот Лејкерс.