ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) ЕМОЦИИ ДО КРОВ: Кузмиќ почнува нов живот, од нула!

(ВИДЕО) ЕМОЦИИ ДО КРОВ: Кузмиќ почнува нов живот, од нула!

сподели
фото: KK Crvena zvezda

Симболично, по тешката сообраќајна несреќа што ја преживеа во периодот меѓу двете сезони кога се врати во белградската екипа, центарот на Црвена звезда стартува нова епизода во неговиот живот, а на грбот во новата сезона ќе го носи бројот „0“.

Никој не очекуваше, по страшното излетување со неговиот автомобил, Огњен Кузмиќ да се врати на терените по само три месеци. Таквите случки носат тешки физички и психички последици, но српскиот репрезентативец по се изгледа ги надминал уште веднаш.