ПОЧЕТНА ЕВРОПА Емил и неговите херои на магичен начин до првиот голем скалп

Емил и неговите херои на магичен начин до првиот голем скалп

сподели
фото: Локомотив Кубань

Екипата на Астана ја оствари првата победа во ВТБ лигата оваа сезона, а до неа дојде на спектакуларен и драматичен начин.

На домашен терен го совлада рускиот гигант Локомотив, поранешен полуфиналист во Евролигата и освојувач на Еврокупот. На крајот беше 90:88 иако гостите имаа преднност од 14 поени, а во последната четвртина водеа со 10 разлика (67:77).

На средина од четвртиот период беше и 75:83, но до крајот Астана направи 15:5 и дојде до триумфот.

Ова не е прва победа на Рајковиќ против Локомотив Кубан. Го совлада и лани и тоа на гости, многу поубедливо, со 71:90.