ПОЧЕТНА Некатегоризирана Ел Класико пред Нова година, Миротиќ во март во Мадрид

Ел Класико пред Нова година, Миротиќ во март во Мадрид

сподели
фото: Marca

АЦБ Лигата го објави календарот за новата сезона во шпанското првенство во кое Реал Мадрид ќе се обиде да ја продолжи доминацијата.

Најголем предизвик ќе му биде Барселона која летово значајно се засили и најави атак не само на титулата во Шпанија, туку и во Евролигата. Првиот меѓусебен дуел ќе се одигра на 28 или 29 декември во Блауграна, во рамките на 15-тото коло, а реваншот е на 21 или 22 март.

Вториот меч, практично, ќе биде враќање на Никола Миротиќ во арената на Реал Мадрид каде долго време беше миленик на навивачите. Но, тоа важи само за шпанското првенство бидејќи Црногорецот со шпански пасош ќе има пеколен пречек во Мадрид на 14 ноември кога Барселона гостува во Мадрид во натпревар од Евролигата.

Двојки за првото коло (фото: ACB)

Новата сезона во АЦБ лигата почнува на 24 септември, во првото коло Реал Мадрид гостува во Каталонија, кај Хувентуд на Ненад Димитријевиќ, а Барселона оди кај Обрадоиро. Вториот круг го носи првото големо дерби – Барса против Басконија во Блауграна.