ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ел Класико во полуфиналето од Купот!?

Ел Класико во полуфиналето од Купот!?

сподели
Cadena Cope

За разлика од претходните две сезони, оваа нема да гледаме дуел за титулата меѓу најтрофејните шпански екипи, во Копа дел Реј.

Барса и Реал се најдоа на истата страна од ждрепката и нивниот дуел е можен во полуфиналето. Овие две екипи триумфираа на последните десет изданија од Купот со тоа што и едната и другата освоија по пет трофеи. Титулата ја брани Барселона, а последен, освен нив, кој победил во Купот е Тау Керамика во 2009 година. Од тогаш датира и последното финале без Барса или Реал бидејќи баскискиот тим во мечот за титулата ја совлада Ункаха со 100:98.

И сега тимот од Малага има реални шанси да дојде до финалето бидејќи освен што е домаќин, се најде на, условно, полесната страна од ждрепката. Тоа не значи дека сигурно ќе стигне до крајот бидејќи за ривал во четвртфиналето го доби најпријатното изненадување оваа сезона – Сарагоса, но во „Мартин Карпена“ се едни од најбучните навивачи во Шпанија и тие сигурно ќе бидат од голема помош на деветтопласираниот тим во АЦБ лигата.

Завршниот турнир од Копа дел Реј се игра од 13-ти до 16-ти февруари, како и во најголемиот дел држави во Европа.