ПОЧЕТНА СВЕТ Експлозијата со корона вирусот во САД тргнала од – Стејплс центарот

Експлозијата со корона вирусот во САД тргнала од – Стејплс центарот

сподели

Веќе две недели не се играат натпревари од НБА лигата откако беше утврдено дека неколку кошаркари се заразени со корона вирусот.

Прв беше Руди Гобер од Јута, потоа неговиот соиграч Донован Мичел, а потоа дијагностицирани уште играчи од различни екипи. Засега никој со сигурност не може да каже колку долго ќе трае паузата во најсилната светска кошаркарска лига, но аналитичари од САД објавија од каде тргнала епидемијата во оваа држава.

Наводно – од Стејплс центарот каде биле одржани дури 39 настани откако бил регистриран првиот случај со заразен од корона вирусот. И не само натпревари на Лејкерс, Клиперс и НХЛ тимот Лос Анџелес Кингс, туку и доделувањето на Оскарите, како и комеморацијата за Коби Брајант на 24 февруари.

Најмалку осуммина спортисти се заразиле на овие настани, вклучувајќи го и Кевин Дурант кој не играше за Нетс, но беше на клупата за време на мечот меѓу Бруклин и Лејкерс и двајцата кошаркари на Лејкерс чии имиња уште не се објавени во јавност.