ПОЧЕТНА Евролига Екс-партизановец во дресот на Звезда!?

Екс-партизановец во дресот на Звезда!?

сподели
euroleague.net

По завршувањето на сезоната шампионот на Србија и АБА лигата ги продолжи договорите со Лазиќ, Човиќ, Симаниќ, Фаје и Берон, а донесе и едно засилување – Дерик Браун.

Во следните 2-3 недели се очекува екипата да ја засилат уште неколку квалитетни кошаркари со што ќе се создаде конкурентен тим за настап во Евролигата.

Грчката агенција СДНА објави дека поранешниот кошаркар на Партизан, Џејмс Гист има отворена понуда од Црвена Звезда својата кариера да ја продолжи во овој клуб, односно да се врати во Белград. На него инсистира лично тренерот на српскиот шампион Милан Томиќ.

Гист е член на Панатинаикос од 2012 година, но на крајот од последната сезона истече неговиот договор и тој сега е слободен во изборот на нов клуб.