ПОЧЕТНА ЕВРОПА Екс-играч на МЗТ го растури Морнар во Лигата на шампионите

Екс-играч на МЗТ го растури Морнар во Лигата на шампионите

сподели

Почна групната фаза во тимските натпреварувања на ФИБА, а еден од оние кои го одбележаа првото коло е добро познат лик во македонската кошарка.

фото: championsleague.basketball

Лестер Медфорд, играчот кој минатата сезона го носеше дресот на МЗТ Скопје беше најзаслужен за победата на ВЕФ Рига против Морнар во Лигата на шампионите. Летонците триумфираа со 80:74, а американскиот плејмејкер ја доби битката со својот сонародник и црногорски репрезентативец Дерек Нидам.

Беше најефикасен на натпреварот со 21 поен на кој додаде 7 скока и 5 асистенции, а блесна во финишот кога се одлучуваше победникот. При резултат 74:74, Медфорд постигна кош со лична грешка и го погоди дополнително слободно фрлање, а потоа стави точка со уште еден „пенал“.

Летонскиот шампион игра во групата Б од Лигата на шампионите, а ривали, освен Морнар, му се Перистери, Газијантеп, Бамберг, Нимбург, Тенерифе и Нижњи Новгород.