ПОЧЕТНА ЕВРОПА Екс-играч на Карпош Соколи го растури Реал

Екс-играч на Карпош Соколи го растури Реал

сподели
фото: AS

Сан Пабло Бургос направи сензација во второто коло од завршниот турнир на АЦБ лигата што се одржува во Валенсија.

Тимот кој требаше да биде аутсајдер, го совлада актуелниот шампион Реал Мадрид со 87:83 и ја замрси ситуацијата пред претстојните три круга во кои треба да се одредат двата полуфиналиста од групата Б во која се уште домаќинот, Сарагоса, Андора и Гран Канарија.

Најзаслужен за победата на Бургос беше американскиот интернационалец со грузиски пасош Тејдус МекФејден кој во сезоната 2017/18, краток период играше за Карпош Соколи.

Плејмејкерот беше убедливо најефикасен на натпреварот, постигна 18 поени, плус 3 скока и 3 асистенции за индекс 19, највисок во својата екипа. Повисок од него имаше само кошаркарот на Реал, Валтер Таварес (28).