ПОЧЕТНА ЕВРОПА Ефес се мачи, ама победува

Ефес се мачи, ама победува

сподели
фото: euroleague.net

Втор триумф по ред на Анадолу Ефес иако со многу мака. По минатонеделниот против Алба по продолжение, сега славеше на гостувањето кај Валенсија со 78:83 благодарение на одличната трета четвртина.

Домаќините имаа водство од седум разлика на полувреме (46:39), но во третиот период Ефес постигна 30 поени и направи пресврт. Валенсија е единствена екипа без победа по три одиграни кола, Турците со биланс 2-1 се на делба од третата до осмата позиција.