ПОЧЕТНА Некатегоризирана Ефес на чекор од она што го чека 10 години

Ефес на чекор од она што го чека 10 години

сподели

Најтрофејниот турски кошаркарски клуб поведе со 3:2 во финалната серија од домашното првенство против Фенербахче.

Пред своите навивачи Анадолу Ефес победи со 86:76 во меч во кој постојано имаше предност и можеше да слави дури и поубедливо. Најдобар доказ за тоа е водството од 66:47 по три четвртини.

Адриен Моерман со 26 поени беше најефикасен на натпреварот, а Брајант Данстон додаде 15. Кај Фенербахче, Слукас реализира 22 поена.

Шестиот натпревар од финалето се игра на 19-ти јуни, домаќин е Фенербахче кој нема право на кикс. Последен пат Анадолу Ефес беше шампион на Турција во 2009 година, но и покрај тоа е неприкосновен по бројот на титули во домашното првенство со 13 трофеи, пред Фенер кој има 9.