ПОЧЕТНА СВЕТ ЕДНАКВОСТ!!!

ЕДНАКВОСТ!!!

сподели
NBA

Најпопуларната порака која ја избраа НБА играчите, да ја носат на задната страна на нивните дресови кога ќе продолжат мечевите од сезоната 2019/20 (прекината поради коронавирусот), е зборот кој најмногу ги асоцира(л) на социјална правда.

Извршниот директор на Асоцијацијата на играчите на НБА, Мишел Робертс изјавил за ЕСПН дека зборот „Equality“ има повеќе гласови од слоганот „Black Lives Matter“.

Дури 285 испитаници од вкупно очекуваните 350 играчи кои би требало да ја продолжат сезоната биле за користење на порака за поддршка на загрозените, додека 17 избрале и понатаму да ги користат своите имиња на дресот.