ПОЧЕТНА Други репрезентации Една победа за младинците, на турнирот во Скопје

Една победа за младинците, на турнирот во Скопје

сподели
kfsm.mk

Нашата младинска репреентација за нешто повеќе од дваесет дена, колку што се подготвува за Европското првенство (дивизија Б) веќе одигра шест пријателски натпревари.

Избраниците на Дарко Радуловиќ разигруваа против врсниците на Косово во Маврово, а потоа одиграа и двомеч против Бугарија во Скопје.

Претходниот викенд, репрезентативците до 20 години им беа домаќини на соодветните селекции на Црна Гора, Косово и на Русија на пријателски турнир на кој што запишаа една победа.

21.06.2019
Македонија - Црна Гора 45:5
Русија - Косово 77:43

22.06.2019
Косово - Македонија 55:77
Црна Гора - Русија 67:70

23.06.2019
Црна Гора - Косово 78:33
Македонија - Русија 79:85

За нашите младински репрезентативци следат уште четири натпревари, двомеч против Унгарија и двомеч против Бугарија на гостински терен, во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 20 години кое ќе се одигра во Португалија.

(преземено од kfsm.mk)