ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Единствениот што откажа се повикал на распоредот!

Единствениот што откажа се повикал на распоредот!

сподели

Од 24 кошаркари кои беа на списокот на Тодоров, само еден дал негативен одговор на повикот во репрезентацијата.

Тоа е Предраг Самарџиски, а селекторот ги објасни причините поради кои искусниот центар се одлучил на ваков чекор. Во исто време посочи дека нема да има никакви санкции за него.

„Одговорот од него беше дека нема пауза во турското првенство, односно Втората лига на Турција каде што настапува.

Јас не сакам да водам инает со играчите, во Романија и Бугарија каде што работев и работам, Федерацијата влезе во конфликт, па дури и суспендира кошаркари поради вакви проблеми. Јас уште од почеток реков дека кај мене такво нешто нема да има и го почитувам тоа“, објасни селекторот.