ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Еден Доналдсон – малку за Гостивар…

Еден Доналдсон – малку за Гостивар…

сподели

Екипата предводена од Марјан Србиновски во еден ден ја прекина серијата од пет победи и го загуби првото место на прволигашката табела. Сето тоа поради првиот пораз на домашен терен оваа сезона, од Куманово со 72:85.

Гостиварци го диктираа темпото во првото, но тотално потфрлија во второто полувреме. Куманово го почна вториот дел со серија од 10:0, потоа имаше неколку прмени на водството за пред крајот на третиот период гостите да дојдат до +9 (53:62) кои Гостивар не успеа да ги загрози до крајот.

Убедливо најдобар играч на натпреварот беше Донован Доналдсон кој постигна 38 поени, 5 скока и 3 асистенции со одличен процент од игра, но потфрлија соиграчите, а особено резервните кошаркари кои постигнаа само шест поени (сите на Тасовски). Куманово имаше повеќе расположени играчи, Јанески постигна 23 поени и 15 скока, а Младеновиќ 12 поени и 14 асистенции.