ПОЧЕТНА Евролига Еден центар си отиде од Реал, друг го продолжи договорот

Еден центар си отиде од Реал, друг го продолжи договорот

сподели
EFE/Juan Carlos Hidalgo.

По пет години во редовите на најтрофејниот европски клуб, мексиканскиот репрезентативец Густаво Ајон одлучи да си замине.

Уште не е позната неговата следна дестинација, но тој лично посакува враќање во НБА лигата каде играше од 2011 до 2014 година, во екипите на Њу Орлеанс, Орландо, Милвоки и Атланта, но без голем успех. Со Реал освои се што можеше да се освои: четири пати АЦБ лигата, два пати Евролигата, три пати Копа дел Реј итн.

Marca

„Бев дел од една генерација која остави длабока трага во шпанската и европската кошарка, лично јас исто така оставив трага и презадоволен сум од овие пет години во Реал“, изјави Ајон откако стана јасно дека не се враќа во Мадрид.

За разлика од него Валтер Таварес го продолжи договорот до 2024 година. Кошаркарот од Зеленортските Острови во ноември 2017 и се покажа како еден од најдобрите потези на раководството на клубот во моменти кога екипата се соочуваше со проблеми со повредени кошаркари.

Real Madrid CF

„Реал Мадрид и Таварес договорија продолжување на соработката на уште пет години. Со нетрпение ја очекуваме новата сезона“, стои, меѓу другото, во соопштението од шпанскиот вицешампион.

По низата трофеи освоени со мадридскиот клуб Таварес стигна да дојде и до индивидуално признание откако беше прогласен за најдобар дефанзивец во Евролигата последната сезона.