ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Е, па, 6:0 не е шега!

Е, па, 6:0 не е шега!

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Актуелниот македонски првак резултатски фуриозно ја почна сезоната на двата фронта, во Македонија и во втората јадранска дивизија. По 4 кола е лидер во АБА2 лигата, а по 2 кола го дели првото место во домашната лига.

Овој старт не е гарант за успешен крај на сезоната, затоа што до финишот има уште многу, многу несони ноќи и хоризонти за поминување. Но, добриот старт ветува добра кошарка во Аеродром, ако се продолжи во истиот ритам.

rezultati.com

Проблем на тренерот Кочов му е кратката ротација, најверојатно ќе треба да се интеревенира со уште некое ново име или да му се даде шанса на некое од постоечките. Против Борац играа само осуммина кошаркари, а следуваат тешки гостувања – прво кај Гостивар во домашното првенство, а потоа кај Сутјеска во екс-југословенското.

фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Што ќе се случува, никој не може да предвиди. Знаеме само дека воздухот во Аеродром те прави борец, атмосферата те тера да гинеш на теренот, останатото си доаѓа само по себе. Целта е пласман во АБА лигата, враќање во елитата и одбрана на домашната титула, со зачин – пехарот во Купот.

Ништо не е невозможно, до крајот на следната недела ќе се знаат многу нешта, пред се според тоа како ќе пукаат сино-белите кошаркарски воини. Особено ќе биде важен мечот со Сутјеска, за зацрвстување на врвот во натпреварувањето што дава виза за посилната конкуренција.