ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Џиновски дрес на Дражен Петровиќ за неговиот 55-ти роденден

(ВИДЕО) Џиновски дрес на Дражен Петровиќ за неговиот 55-ти роденден

сподели

И 26 години по неговата смрт Шибеник не го заборава својот најпознат спортист во историјата и можеби најславна личност родена во овој град.

Да беше жив, Дражен Петровиќ сега ќе се подготвуваше за својот 55-ти роденден (роден е на 22 октомври 1964 година). Место него, тоа го прави градската управа на чија зграда осамна џиновски дрес со број 4, сличен на оној што го носеше кошаркарскиот Амадеус додека играше за својот матичен клуб.

Дресот е со димензии 7х5 метри и со неговото поставување почнува манифестацијата на одбележување на роденденот на Дражен. Главниот дел ќе се одржи пред неговиот споменик на Балдекин каде ќе бидат пуштени 55 балони.