ПОЧЕТНА СВЕТ Џабе ви се сите титули!!!

Џабе ви се сите титули!!!

сподели
NBA

Ова се однесува на кошаркарскиот колектив (што секако нас најмногу не интересира) кој има освоено најмногу трофеи на најпрестижната сцена, но никако не може да се најде на врвот на најпрестижната листа која секоја година ја објавува медиумот Forbes.com, на која се набројани највредните 10 спортски организации на светот.

Cowboys

Убедливо на првата позиција, петта година по ред, се наоѓа NFL организацијата Далас Каубојс која е проценета на 5.5 милијарди долари, пред бејзбол институцијата Њујорк Јенкис со 5 милијарди американски долари. Во „Топ 3“ се наоѓа NBA франшизата Њујорк Никс (4.6) која нема титула од 73-та.

Knicks

На пример, Бостон Селтикс (за кои се однесува насловот) ги нема меѓу најдобрите 19, се наоѓаат на 20-та позиција со 3.1 милијарди долари, а имаат рекордни 17 титули во NBA лигата. Следни на листата се Лејкерс (16 титули) на 4-та позиција со 4.4 милијарди, пред Голден Стејт Вориорс со 4.3 на првите 5 позиции.

фото: LA Lakers

Потоа следуваат фудбалскиот клуб Реал Мадрид со 4.24 милијарди, пред NFL тимот Њу Ингланд Пејтриотс со 4.1 милијарди американски долари. Барселона, како и во се останато и тука е зад Кралскиот клуб, со вредност 4.2 милијарди американски долари измерено во годината 2020-та.

FC Real Madrid

Њујорк Џајантс од Американската професионална фудбалска лига и Манчестер Јунајтед од Премиерлигата се на последните две места во Топ 10 пласманот на најбогатите спортски колективи на денешницата, на која главно царуваат организациите со најмногу публика, најголеми стадиони и најскапи ТВ права.