ПОЧЕТНА Некатегоризирана Двајт Хауард повторно во Лејкерс!

Двајт Хауард повторно во Лејкерс!

сподели

Еден од најдоминантните центри во НБА лигата последната деценија ќе добие втора шанса во редовите на 16-кратниот шампион.

Откако успешно ја мина пробата тој го раскина договорот со Мемфис Гризлис и како слободен играч ќе се пресели во Лос Анџелес Лејкерс. Таму веќе играше една сезона, 2012/13 и имаше просек од 17,1 поени и 12,4 скока по натпревар, но несогласувањата со Коби Брајант и лошото поведение придонесоа соработката кратко да трае и тој да се пресели во Хјустон.

Познатиот американски новинар Адријан Војнаровски тврди дека и сега договорот ќе биде условен. Лејкерс сакаат да видат подобрување во однесувањето на Хауард и концентрирање на успехот на тимот кој во новата сезона ќе се обиде да ја освои првата шампионска титула по пауза од 10 години.