ПОЧЕТНА Некатегоризирана Двајт Хауард изненади со изборот на новиот број во Лејкерс

Двајт Хауард изненади со изборот на новиот број во Лејкерс

сподели

Еден од најдоминантните центри во НБА лигата последните години ги заврши сите формалности околу раскинот на договорот со Мемфис Гризлис и повеќе нема пречки околу враќањето во Лос Анџелес Лејкерс.

Интересно е тоа што во вториот „мандат“ во екипата, тој нема да го носи бројот 12 кој му беше заштитен знак во кариерата, туку се одлучи за друг.

Ќе игра со 39-ката како прв кошаркар во историјата на Лос Анџелес Лејкерс кој ќе го земе овој број во своја сопственост.

Меѓу другото, со тоа ќе ја стави зад себе единствената сезона во оваа франшиза во која не се прослави и навивачите за него стекнаа мошне лош впечаток.