ПОЧЕТНА ЕВРОПА Двајцата „преживеани“ од првата сезона во Евролигата

Двајцата „преживеани“ од првата сезона во Евролигата

сподели

На 17 октомври се одбележуваат 19 години од првиот натпревар во елитното кошаркарско натпреварување под ова име.

Претходниот Куп на шампиони замина во историјата, тој период УЛЕБ водеше војна со ФИБА за своето постоење, егзистираа паралелни купови на двете организации, но Евролигата успеа да опстане и да излезе како победник.

Првиот натпревар се одигра на 17 октомври 2000 година во Мадрид, во арената „Рајмундо Сапорта“ која беше урната четири години подоцна, а се сретнаа Реал и Олимпијакос. Првиот кош го постигна Дино Раѓа во дресот на грчкиот гигант, на клупата на Реал беше Серџо Скариоло, а на теренот се појавија Саша Ѓорѓевиќ, Алберто Ерерос, Дејвид Риверс итн.

Од таа прва сезона, 19 години подоцна има само двајца кошаркари. Едниот е сегашниот капитен на Реал, Фелипе Рејес, а вториот е повратникот во Евролигата, Луис Скола, сега член на Олимпија Милано, тогаш на Басконија. Двајцата имаат по 39 години, но не се предаваат.

Рејес цела кариера ја помина во Реал, Скола помина една деценија во НБА лигата, потоа две сезони во Кина и се врати во Европа како херој по одличниот настап на Светското првенство. Ни едниот, ни другиот не кажуваат дали планираат да стават крај на кариерите по завршувањето на оваа сезона.