ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двајца наши тренери имале сообраќајќи

Двајца наши тренери имале сообраќајќи

сподели

Марјан Србиновски е во една од скопските клиники каде што му е извршена оперативна интервенција. Најтешко му бил повреден 6-тиот пршлен, откако излетал со автомобилот на патот Скопје-Гостивар.

Автомобилот бил потполно уништен и среќа во несреќа е што немал сопатник, а воедно и дека тој бил врзан и што имал воздушни перничиња во возилото. Србиновски е вон животна опасност.

фото: МКФ

Александар Јончевски бил удрен додека возел моторцикл, од товарно возило кое што се спуштило од тротоар откако возачот на возилото видел зелено светло. Сопругата на Јончевски е на операција, но е вон животна опасност.

Им посакуваме на тренерите на Гостивар и на Кожув, како и на сопругата на Јончевски, што побрзо закрепнување и враќање на секојдневните активности. Од сето ова, најважно е што сите се живи и здрави.