ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двајца Американци и еден познат Србин во АВ Охрид

Двајца Американци и еден познат Србин во АВ Охрид

сподели

Најамбициознио прволигаш ова лето речиси го комплетираше тимот со три квалитетни странски засилувања.

АВ Охрид донесе двајца Американци, на позициите 2 и 4 и српскиот плејмејкер ветеран Игор Мијајловиќ кој и е добро познат на македонската кошаркарска јавност.

На позицијата бек-шутер доаѓа Маркус Џексон, 24-годишен кошаркар кој настапувал за колеџот Санта Барбара. Неговиот врсник Остин Аџуква играл за Шарлот, а треба да биде засилување под кошевите за тимот на АВ Охрид.

Игор Мијајловиќ помина четири години во македонското кошаркарско првенство, по една во МЗТ Скопје и Карпош Соколи и две во Кожув. Со МЗТ освои двојна круна во 2012 година кога и стана миленик на публиката во Аеродром.

Минатата сезона тој беше член на романскиот прволигаш Крајова чиј тренер е нашиот стручњак Александар Тодоров.