ПОЧЕТНА Некатегоризирана Два центра во Лејкeрс?

Два центра во Лејкeрс?

сподели
bleacherreport.com

По повредата на едно од најголемите засилувања пред сезоната што ќе биде најизедначена и највозбудлива во историјата на НБА лигата, најгламурозната франшиза реагира на секој „неуспех“ со двојна „заштита“.

Двајт Хауард и Јоаким Ноа се на тренинзи со екипата на Лејкерс, како потенцијални засилувања за тимот од ЛА: Двајцата се поранешни Ол-Стар учесници и имаат огромно искуство во најквалитетната лига на светот.

ДеМаркус Казинс е во аут по повредата на коленото, а Џавал МекГи е единствениот (искусен) класичен центар, затоа што многу е веројатно дека следната сезона, Ентони Дејвис ќе ја помине главно на позицијата (4) крилен центар.