ПОЧЕТНА Некатегоризирана Дурант, Ирвинг и Џордан – сите во иста екипа

Дурант, Ирвинг и Џордан – сите во иста екипа

сподели
Фото: Noah Graham/NBAE via Getty Images

Сезоната во НБА тукушто заврши, но на 1 јули почнува преодниот рок и стартуваат комбинациите за претстојната натпреварувачка кампања.

Најавена е промена на силите, диктирана од селари-капот на франшизите. Најголем буџет има Бруклин Нетс кој планира летово, конечно, да стане конкурентен и да донесе неколку мега-ѕвезди со кои ќе го нападне шампионскиот трофеј. Во моментов Бруклин има само седуммина кошаркари со загарантирани договори за идната сезона, па се многу пофлексибилни во однос на другите франшизи.

Фото: Drew Hallowell/Getty Images)

Наводно, веќе се почнати преговори за трансфери на Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Диандре Џордан.

Дурант има опција за уште една сезона во Голден Стејт со загарантирани 31,5 милиони долари. Со оглед на тоа што е повреден и најверојатно нема да игра претстојната сезона, можеби и најочекувано е да остане член на вицешампионот, но Нетс сакаат да го резервираат за периодот по враќањето на терените.

Ирвинг е на излезна врата на Бостон Селтикс, медиумите во САД тврдат дека веќе купил живеалиште во Њу Џерси и се подготвува да го облече дресот на Нетс.

На нив може да им се приклучи и Диандре Џордан кој е голем пријател со Дурант со кого требаше да игра и во Њујорк Никс.