ПОЧЕТНА Некатегоризирана Дурант и Ирвинг – најлошо чуваната тајна во НБА

Дурант и Ирвинг – најлошо чуваната тајна во НБА

сподели

Најголем дел од спектакуларните трансфери во најсилната лига во светот се реализирани, но допрва можат да се очекуваат приказни и пикантерии околу нив.

На пример новиот играч на Њујорк Никс, Боби Портис откри дека договорите на Кевин Дурант и Кајри Ирвинг со Бруклин Нетс воопшто не биле случајни и дека се знаело дека ќе се случи тоа уште во февруари. До последен момент се шпекулираше дека е можно да заминат во Никс, но сето тоа биле само приказни за да се одвлече вниманието.

„Јас знаев уште пред пет месеци, всушност сите во НБА знаеја. Можеби медиумите не, но играчите, особено Американците беа свесни за тоа. Тоа беше најлошо чувана тајна во лигата“, откри Портис.

Ирвинг и Дурант веќе се претставени на медиумите, довчерашниот играч на Вориорс одлучи да го смени бројот и во иднина ќе настапува со „седумка“, но за да го облече ќе треба да почека повеќе од една година затоа што доживеа тешка повреда во финалната серија против Торонто.