ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Думиќ останува, уште еден Србин доаѓа во Куманово?

Думиќ останува, уште еден Србин доаѓа во Куманово?

сподели
Филип Думиќ (фото: kumanovskimuabeti.mk)

Поранешниот вицешампион и финалист во Купот на Македонија полека привршува со составувањето на тимот со кој ќе влезе во новата сезона.

Од екипата си заминаа Адеми Мекиќ, Игор Пенов, Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ, досега дојдоа Марјан Јанески и Горјан марковски, а Миодраг Тодоровиќ одлучи да остане во екипата.

Basketball.mk неофицијално дознава дека плејмејкерот Филип Думиќ ќе го продолжи договорот со Куманово на уште една сезона, а клубот е пред потпис со центарот Давид Миладиновиќ кој минатата сезона го носеше дресот на АВ Охрид.

Думиќ беше еден од најдобрите плејмејкери во Првата лига, втор асистент со 7,3 успешни додавања по натпревар и меѓу најзаслужните што Куманово успеа да се пласира во Суперлигата. Освен тоа, постигнуваше по 13 поени што го направи трет стрелец во екипата, зад Ѓекиќ и Мекиќ.

Миладиновиќ одигра 12 натпревари за АВ Охрид, но остави одличен впечаток. Постигнуваше по 11,8 поени и 7,3 скока по меч за просечен индекс 17,2, втор најдобар во екипата. Тоа и не е големо изненадување со оглед на фактот што 22-годишниот кошаркар е поранешен младински репрезентативец на Србија со која има сребрен медал на Европското првенство У16 и бронзен на Светското првенство У17.