ПОЧЕТНА Некатегоризирана Дрим-тимот е комплетиран – се врати Абринес!

Дрим-тимот е комплетиран – се врати Абринес!

сподели

Четвртото мега-засилување на Барселона ова лето е договорено. Поранешниот играч на овој тим Алекс Абринес по три години се врати во татковината и повторно во дресот на каталонскиот клуб.

Крилниот играч го носеше дресот на Барса од 2012 до 2016 година, одигра вкупно 255 натпревари и освои титули во АЦБ лигата (2014 година), Копа дел Реј (2013) и Суперкупот на Шпанија (2015). Во последната сезона во тимот беше избран и за ѕвезда во подем во Евролигата како 22-годишен кошаркар.

Сега потпиша договор на две сезони со можност соработката да биде продолжена на уште една. Официјалната презентација ќе се одржи на 15-ти јули во 19 часот.