ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дрим-тим од Каталонија: Гасол, Весели, Калатес, Де Коло…

Дрим-тим од Каталонија: Гасол, Весели, Калатес, Де Коло…

сподели

Шарунас Јасикевичиус денеска беше промовиран во нов тренер на Барселона, на местото на неговиот поранешен „шеф“ во истиот клуб Светислав Пешиќ.

На презентацијата изрази голем оптимизам, но и звучни имиња кои би можеле да го засилат неговиот состав. За Јан Весели веќе се зборуваше, Ник Калатес би требало да биде промовиран оваа недела, но на навивачите им застана здивот од спомнувањето на Пау Гасол.

„Сам од себе многу барам, тој притисок мора да доаѓа однатре, а моја задача е да се обидам тоа да го пренесам на тимот. Шансата да водам вака голем клуб, со вакви играчи е навистина голема.

Разговараме за се овие денови, разменивме многу пораки, а уште сме во првата фаза. Тимот е добар, но ќе се обидеме нешто да поправиме. Што се однесува до Пау, сите знаете колку го сакам, тој ми е пријател и сигурно нема да ни пречи“, рече Јасикевичиус на презентацијата.

Буџетот на клубот е намален во однос на минатата сезона и ќе изнесува 33 милиони евра. Се спомнуваат уште Нандо де Коло, Екпе Удох, Зек Ледеј и Костас Слукас. Клубот се раздели со Анте Томиќ, Кевин Пенгос и Пау Рибас, продолжени се договорите со Брендон Дејвис и Кајл Кјурик, а Миротиќ е обврзан со клубот на уште две години.