ПОЧЕТНА Женска кошарка ДРАГАНА И ВИКСА: Најкошаркарската двојка во Македонија!

ДРАГАНА И ВИКСА: Најкошаркарската двојка во Македонија!

сподели

Драгана Петковска (21) и Виктор Ефремовски (20) се, во моментов, најкошаркарската млада двојка во нашата земја. Двајцата се активни кошаркари, животот е пред нив, а летната пауза ја искористивме да дознаеме нешто повеќе за нив, од нивниот приватен живот.

Уживајте во следните редови, во ставовите и размислувањата на оние на кои што полека, генерациски, им останува кошарката, да ја водат и да ја надградуваат.

Живеете и посветени сте на кошарката, во секој поглед, дали таа ве спои?

Драгана: Кошарката прави чуда. Кога најмалку очекував ми се случи најубавото нешто во животот. Случајно бев на еден натпревар на Вардар (2015 година) каде што играше Виктор. Не се знаевме до тој момент, но оттогаш започна се меѓу нас.

Како се одвива животот на толку километри раздалеченост?

Виктор: Врската на далечина е многу тешка. Ние со искрена љубов и доверба се бориме да ја сочуваме. Сега се фокусираме на градење на нашите кариери и времето ни поминува многу бргзо поради преголеми обврски. Се што жртвуваме сега, веруваме дека ќе не донесе до успехот и до она што лично го посакуваме.

Кои ви се целите и плановите во кошаркарските кариери?

Драгана: Како секој кошаркар, посакувам да достигнам успех и планирам по школувањето во Америка, да играм некаде во Европа.

Виктор: Сон ми е да заиграм во најдобрата лига во светот и да му возвратам на моето семејство за љубовта, трудот и времето што го вложуваат во мене.

Покрај кошарката, учите ли нешто друго?

Драгана: Јас студирам истовремено математика и графички дизајн.

Виктор: Јас сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, смер – кошарка.

Каков е животот во САД во споредба со Македонија?

Драгана: Животот во Америка е како Фајнал фор турнир. Интересен, брз и напорен. Секој ден ми е организиран со многу мал простор за одмор.

Како ја видовте сезонава што помина, секој за себе и за партнерот?

Драгана: Сезонава не ми помина како планираното. Откако отидов во Америка, никако не можам да се спасам од повреди, поради тоа и оваа година имав неколку паузи. Според мене, и сезоната на Виктор не му беше според посакуваното. Да добиеше шанса, можеше многу повеќе да покаже.

Виктор: Со борба и срце стигнавме до финалето, но за жал среќата не беше на нашата страна. И среброто не е лошо, ама сепак посакував да бевме шампиони. Сезоната на Драгана се одвиваше со многу повреди и паузи, но и покрај тоа таа успеа да се избори со тоа и да го одигра својот дел.

Незаборавни моменти од кошарката?

Виктор: 2018 е годината која никогаш нема да ја заборавам. На 25-ти мај освоив две титули со М20 и првиот тим на Работнички и истата година бев избран за најдобар млад играч.

Драгана: На мене, како и на Виктор, незаборавен момент од кошарката ми беше освојувањето на Најдобра Млада Кошаркарка за 2014. Купот, одигран истата година, е уште еден позначаен момент за мене, каде што завршив како шампион и МВП на натпреварот.

Незаборавни заеднички моменти?

Виктор: За нас сите моменти се посебни и значајни затоа што времето што го поминуваме заедно е многу кратко.

Како го поминувате летниот пероиод?

Драгана: Летниот период ни поминува со тренинг и одмор. Заедно се подготвуваме за следната сезона.