ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Доста ги почитуваме другите повеќе од нас!

Доста ги почитуваме другите повеќе од нас!

сподели

Селекторот Тодоров не сака да оди со мислата дека учеството на Европското првенство ќе зависи од дуелите со Естонија.

Во исто време, тој смета дека другите репрезентации во групата не се ништо подобри од нас.

„Мислам дека треба да престанеме да се однесуваме како аутсајдери во сите сфери на животот, а особено во спортот. Можеби по 500 години под турско ропство, тоа е нормално, но можеби е време да ја смени психологијата.

Да не бевме во група со Естонија, кој естонски кошаркар ќе го знаеше јавноста? Што е Италија подобра од нас? Во оваа нивна репрезентација што ќе игра во квалификациите има 20-тина собрани деца кои имаат минимална минутажа во првенството. Можеби тренираат во подобри услови, Федерацијата има повеќе пари од нашата, но тие не се подобри.

Не мислам дека една победа ќе ни биде доволна за пласман на Европското првенство, но што ако? Ќе ја победиме Италија дома“, рече Тодоров.