ПОЧЕТНА СВЕТ Дончиќ не застанува, се израмни со Џордан и Робертсон

Дончиќ не застанува, се израмни со Џордан и Робертсон

сподели

Далас го совлада Њу Орлеанс со 130:84 во првиот натпревар од програмата во НБА лигата, а повторно во центарот на вниманието беше словенечкиот репрезентативец.

Лука Дончиќ го заврши мечот со 26 поени, 9 асистенции и 6 скока и се израмни со Мајкл Џордан по бројот на „врзани“ натпревари со ефект 20+5+5. Ова беше негов 18-ти последователен дуел со вакви бројки.

Ова е петта победа во низа за Далас Маверикс, а со неа се искачи на второто место во Западната конференција, веднаш зад Лос Анџелес Лејкерс.