ПОЧЕТНА СВЕТ Дончиќ не е само добар кошаркар: Никој не може да се спореди...

Дончиќ не е само добар кошаркар: Никој не може да се спореди со Џордан

сподели

Начинот на кој се игра последните години, придонесе да паднат низа рекорди во НБА лигата кои егзистираа по две и повеќе децении.

Речиси нема ден без да се случи нешто такво, па помладите љубители на кошарката добија лажен впечаток дека сега се најдобро во најсилната светска лига. Откако собори еден од рекордите на Мајкл Џордан, Лука Дончиќ го кажа она што на сите им е јасно, барем на оние кои малку подолго ја следат и НБА и кошарката воопшто.

„Мислам дека има премногу статистика и бројки. Никој не може да се спореди со Мајкл Џордан, тој е единствен, а ова е само статистика“, изјави Дончиќ.

Распространет е впечатокот дека, ако играше сега, Џордан ќе имаше просек од 40+, можеби и 50+ поени на натпревар.