ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дончиќ контра Миротиќ!

Дончиќ контра Миротиќ!

сподели
Лука Дончиќ, Реал Мадрид (euroleague.net)

Словенечкиот репрезентативец меѓу редови ја осуди одлуката на Шпанецот со црногорско потекло да ја продолжи кариерата во Барселона.

Двајцата ја минаа школата на лутиот ривал Реал Мадрид, но Никола Миротиќ по пет години во НБА лигата, одлучи да се пресели во Блауграна. На Дончиќ тоа не му се допаѓа.

„Никогаш не би се преселил во Барса, Реал Мадрид е моето семејство. Ми недостасува се таму, особено соиграчите. Секогаш сакам Реал да победува, мислам дека целосно го заслужи триумфот во Ел Класико“, изјави 20-годишниот Словенец.

Доминацијата на Реал што почна во „негово“ време трае и оваа сезона иако Барселона значително се засили во текот на летото. Големите ривали веќе одиграа две Ел Класика, двете му припаднаа на шпанскиот шампион.